Зошто пожарите во Грција однесоа толку многу животи?
На социјалните мрежи во Грција се постави прашањето кој е виновен за пожарите и дали можеше нешто да се направи за да нема толку многу жртви.
Пламенот „голтал“ сè пред себе, движејќи се со брзина од 70 до 100 км на час.
Стефанот Митилионеос напиша на Фејсбук дека ништо не можело да ја престигне оваа катастрофа, никаков план.
Луѓето кои сакале да избегаат од Мати со автомобили „заглавиле“ во улици кои се изградени во 1960 година, а во 2000 година се градело без никаков план.
Местото се равивало меѓу борови, немало излез во случај на опасност, и станало замка на смртта.
За неколку минути автомобили и куќи се претворале во пепел.
Во Мати се наведува дека брегот на сите страни не е пристапен, па затоа луѓето морале да скокаат преку огради за да се спасат.
Стари, млади и деца морале да се изборат со бранови за да стигнат до чамците кои ги чекаат.