СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се договорија за ДИК, седница во 18 часот попладне

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се договорија за ДИК, седница во 18 часот попладне

Собранието денес во 18 часот ќе одржи седница која ќе бидат на дневен ред ќе бидат ставени изборот на Државната изборна комисија, и законите за финансирање на партиите и за Влада, со кои пред секои избори ќе се формира техничка влада според договорот од Пржино. Седницата ќе ја води претседателот на Собранието Талат Џафери.

Фаворити за членови на ДИК од ВМРО-ДПМНЕ се Оливер Дерковски, кој треба да биде претседател на Комисијата, а за член Елизабета Постоловска.

Од СДСМ се Борис Кондарко, поранешен претседател на ДИК, Јанаке Витановски и Радица Ристевска.

ДУИ ја предлага Дитмире Шеху, а тетовското крило на Движењето Беса, Енвер Салиу. За сабота е најавено Собранието да одржи седница за распишување референдум. За ова прашање засега нема договор меѓу власта и опозицијата.

Треба да знаете
Последни објави