Снег среде јули, додека половина Европа гори од жештини
Додека добар дел од Европа се бори со горештини и пожари, жителите на еден руски град уживаат во борба со снежни топки и други зимски радости среде јули.
Норилск, вториот најсеверен град во Русија, е прекриен со снег и ги изненади жителите кои фотографиите од овој феномен ги објавуваат на социјалните мрежи.
Иако овој град со 175.000 жители се наоѓа внатре во Арктичкиот круг, снег во јули и не е изненадување зошто во периодот од јуни до август, во текот на поларниот ден, температурите се движат околу 15 степени.
Необичните појави кои од небо ги изненадуваат жителите на воој затворен град сепак не се толку ретки.
Пред извесно време врз град падна таканаречен “крвав“ дожд.
Потеклото на двените врнежи главно се врзува со загадувањето зошто Нирилск е индустриски град, а во таа област се вади бакар, кобалт, платина и јаглен.