Деновиве италијанските и англиските медиуми шпекулираат дека фудбалерот за врска на Јувентус, Миралем Пјаниќ е пред трансфер во актуелниот англиски шампион, Манчестер Сити.
Наводно Манчестер Сити и Јувентус биле во напредни преговори за трансфер на босанскиот репрезентативец на Островот, а се шпекулира дека „Граѓаните“ за неговите услуги би можеле да платат и 100 милиони евра.
Сепак, после бројните гласини, се огласи тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола кој што демантираше дека Сити се интересира за фудбалерот на Јувентус.
„Тој е фудбалер на Јувентус, а ние не сме заинтересирани за него“, накратко изјави Пеп Гвардиола.