Десетгодишно девојче било нападната со нож вчера во Тетово во близина на зградата во која живеело, соопшти МВР.
Случајот во полиција го пријавил таткото на девјчето, кој кажал дека вчера околу 17 часот неговата 10-годишна ќерка, во близина на зградата во која живееле, била нападната од машко лице, кое и се доближило и со нож и нанело неколку исеченици. Откако напаѓачот бил удрен од девојчето, го напуштил местото на настанот.
Истото лице, според кажувањето на девојчето, и пред два дена ја нападнало во домот, во кој незабележано влегло и ја допирало по телото. По преземени мерки во полициската станица Тетово, приведен и задржан е М.Б.(33) од Тетово, кој се сомничи дека го нападнал девојчето и од кого е одземен еден ловечки нож со футрола.