Димитров до Милошоски: Оддавањето на државна тајна го доживувам како антидржавен процес

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров на вториот ден од работата на Комисијата за надворешни прашања рече дека нема што да крие, а го праша претседателот на комисијата, Антонио Милошоски зошто материјалите не биле навремено доставени туку пет минути пред седницата.

„Државна тајна значи дека објавување на такви информации може да наштети на процесот кој не е завршен. Во јануари немаше белешка од лидерската средба. Не знам кој ја направил. Во крајна линија се надевавме дека ќе се издигнеме над предизвикот. Надмудрувања од овој тип е како болеста да дојде и да го праша лекувањето до каде е процесот. Оваа саботажа ја доживувам како антидржавен процес“, рече Димитров.

По министерот, пратеничката на ЛДП, Јулијана Николова рече дека е смешно власта да ја моли опозицијата да отвори дебата.

Пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ бараат Талат Џафери да ги одобри и достави класифицираните материјали, па потоа да се чуе извештајот на министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Треба да знаете
Последни објави