Не го прескокнувајте најважниот оброк во денот, бидејќи тој е наречен така со причина. Изберете намирници кои ќе ви ја дадат потребната енергија. Време е утрото да го започнете смирено и без брзање…
1. Облеката за утре подгответе ја претходниот ден
Бидејќи и сами знаете колку време така ќе заштедите.
2. Одалечете го алармот од вас
Доволно далеку за да го слушнете, а да морате да станете од креветот кога тој ќе започне да ѕвони.
3. Квалитетен појадок
Не го прескокнувајте најважниот оброк во днеот, бидејќи тој е наречен така со причина. Изберете намирници кои ќе ви ја дадат потребната енергија. А тука се секако и вкусните цедени сокови, кои се идеални за топлото време.
4. Излезете на дневно светло
Дневната светлина е најдобриот мотиватор за будење.
5. Пијте вода
Сјаен начин за утринско поттикнување на вашето тело е секако чашата вода. Додадете кришка лимон која ќе му помогне на вашиот дигестивен тракт, но ќе ви помогне и во губењето на килограмите, а и ќе ве освежи.
6. 10-минутно кардио
Истражувањата покажаа дека утринските кардио вежби ја поттикнуваат работата на метаболизмот и даваат брз енергетски поттик.
7. Поставете си една цел за тој ден
Кога ќе ја остварите ќе се чувствувате супер и целосно мотивирни за нови нешта.
8. Тргнете на време
А уште подобро е да тргнете од домот 5 минути порано, така нема да бидете под стрес дека доцните.