Италијанските фудбалски великани, Јувентус и Милан, договараат голема размена на играчи, во која би требало да бидат вклучени неколку фудбалери.
Старата дама и Росонерите подготвуваат спектакуларен договор, во кој ќе бидат вклучени дури пет играчи.
Според пишувањата , Јувентус во своите редови сака да го врати Леонардо Бонучи, кој минатото лето, после седум години поминати во Торино, одлучи да се пресели на „Сан Сиро“.
Меѓутоа, Бонучи не е среќен во Милан, па шпекулациите велат дека би можел да се врати во клубот, во кој запиша повеќе од 300 настапи.
Во спротивен правец би тргнале Гонзало Игуаин, Матиа Калдара, Мехди Бенатија и Марко Пјаца. Дополнително, Милан ќе мора да му исплати и околу 20 милиони евра на Јувентус.
Гонзало Игуаин наводно преговара и со Челзи, но последните шпекулации велат дека е блиску до Милан, Калдара и Бенатиа веројатно изненадувачки се наоѓаат на листата на играчи кои би го напуштиле Јуве, додека за Пјаца, покрај Милан се заинтересирани уште шест клубови.
Ако оваа голема размена се реализира, тогаш ќе бидеме сведоци на еден од најголемите трансфери помеѓу овие два клуба во историјата.