Заев: Мораториум за мегаломански проекти во Охрид
Охрид е нашето најголемо богатство и треба да го чуваме сите, без разлика дали е тоа надлежност на локалната или на централната власт. Сите проекти како медитеранската плажа, трите развојни туристички зони поради Субрата Рој, скијачкиот центар, експресниот пат Охрид – Свети Наум, Струга – граница или Требениште, железничката пруга се стопирани. Ова денеска го истакна премиерот Зоран Заев на седницата на која се поставуваат пратенички прашања.
Тој објасни дека експересниот пат од Охрид до Свети Наум и Струга до границата немаат еколошка студија, а средствата се пренаменети за реконструкција на други патишта.
– Во разговори со Европската банка за обнова и развој штом ќе завршат сите еколошки студии и аспекти, согласно потребите на Комитетот на УНЕСКО тогаш ќе бидат и продолжени. Железничката пруга Кичево-Лин исто така ќе биде целосно согласно укажувањата на УНЕСКО. Политиките на локалната и на централната власт се дека мегаломанството во градењето на Охрид е стопирано, рече Заев. Додаде дека секој инвеститор што сака да гради во Охрид и има мегаломански апетити тоа нема да биде одобрено.
Потенцира дека мораториум за мегаломански проекти има и ќе се придржуваат на тоа, согласно упатствата на УНЕСКО, а не само зашто е волја на локалната и на централната власт.
– Градбата на Охрид треба да продолжи зашто можеме да го уназадиме во својот развој. Сето она што преставува нормална градба, согласно плановите на Охрид, тоа меѓу другото значи и скалест дел на развојот на Охрид, почнувајќи од езерото. Колку што е можно пониски градби кон планините и кон внатрешпноста, кон север, североисток, северозапад во Охрид може да расте во висини, рече Заев.
Премиерот најави дека овие политики сакаат да ги спроведат целосно и во Стругa