Заев: Немаме повлечено пријави против функционери на ДУИ

Немаме повлечено пријави од обвинителството поднесени против ексвладата вклучувајќи ги и функционерите на ДУИ, рече премиерот Зоран Заев на седницата за пратенички прашања во Собранието.

Сурија Рушити, пратеник од Алијанса за Албанците, праша до каде е процесуирањето на пријавите, додавајќи дека не тврди дека имало криминал, туку имало сомненија за тоа.

„Тоа што го знам го гледам од медиумите. Пријавите се процесуирани од институциите. Ние немаме повлечено ниту една. Некои од пријавите се и во судски постапки, а некои отфрлени бидејќи немало докази“, рече Заев.

Кривичните пријави се поднесени по објавените прислушкувани разговори. Во 2015 година во интервју Заев рече дека пријавите се за Бујар Османи и Муса Џафери. Тогаш, Заев тврдеше дека има сомненија за направен криминал од тогашната коалиција ВМРО-ДПМНЕ – ДУИ.

Рушити немаше дополнително прашање, но рече дека Заев мора да знае што се случува со пријавите и постапките, имајќи предвид дека тој ги поднел пријавите.

Треба да знаете
Последни објави