Според полицијата, вчера околу 23 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека во селото Миладиновци кај игралиштето за мал фудбал дошло до нарушување на јавниот ред и мир помеѓу две групи малолетни лица, при што во тепачката повреда добило едно 16-годишно лице.
Малолетникот бил пренесен во комплексот клиники во Скопје каде што од страна на лекар му била констатирана тешка телесна повреда. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.