На 27.07.2018 година во 02:30 часот во Секторот за внатрешни работи Струмица, 20-годишната Д.С. пријавила дека истата вечер околу 1 часот додека спиела во својот дом со нејзините деца, лицето В.С.(32) почнало да тропа на влезната врата.
Потоа насилно ја отворил и се обидел да изврши обљуба врз неа.
В.С. е приведен и задржан во полициската станица.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.