Идентификувани телата на близначките во Грција, ги нашле прегрнати со баба им и дедо им
Телата на двете близначки, кои исчезнаа по пожарот во Мати крај Атина, се идентификувани синоќа, соопшти приватниот истражител на семејството Цукалис.
Идентификуваи се и телата на нивните баба и дедо, во чии прегратки и се пронајдени телата на деветгодишните девојчиња, наведуваат грчките медиуми.
Потрагата по Софија и Василики го привлече вниманието на јавноста, целата сторија доби пресврт кога нивниот татко изјави дека ги препознал своите ќерки на една телевизиска снимка, со надеж дека ги спасил еден брод, пренесе Спутник.
Меѓутоа, подоцна било потврдено дека тоа не биле неговите ќерки, туку други две девојчиња.