Бесплатно тестирање за хепатит Ц-Б и ХИВ
Бесплатно и анонимно тестирања за хепатит Ц-Б и ХИВ денеска од 9:30 до 12:00 часот во ТЦ Рамстор мол во Скопје организира Хепар Центар Битола, по повод Светскиот ден за борба против хепатитот.
Целта на настанот е подигнување на свесноста за борба против хепатитот Б и Ц, како јавно здравствен проблем на светско и на европско ниво. Оваа година ќе биде посветена на пронаоѓање на луѓето кои не се свесни дека го носат овој вирус.
Настанот е поддржан и во партнерство со Министерството за здравство, СЗО регионална канцалрија Скопје, Светската алијанса за Хепатит, ЕЛПА, Фондот за здравствено осигурување, Алијансата на пациентски организации на Македонија.
Статистиките на глобално ниво покажуваат дека 80 отсто од инфицираните со хроничен хепатит Б или Ц, доколку навремено не се третираат добиваат карцином на црниот дроб или малигното заболување, хепатоцелуларен карцином, што претставува директна опаснот по животот на пациентот.