Двајца осуденици побегнати од затвор, полицијата успеа да го фати едниот
Вчера по претходно подговен оперативен план за приведување на две лица И.Ш. (27) и С.С.(30), осуденици кои биле во бегство од затвор, околу 16,45 часот во скопското село Арнакија, тие биле лоцирани во локална чајџилница.
Поради безбедносните проценки и сознанија дека лицата се вооружени при нивното приведување од страна полициски службеник биле испукани два куршуми во воздух.
Едниот од лицата – С.С., е фатен и приведен, додека пак И.Ш. е се уште во бегство и по него се трага.