Дневен хороскоп за 30 јули

Овните ги одложуваат своите обврски, Биковите се додворуваат, Лавовите се позитивни, Вагите одбојни, а Јарците доцнат.

 

Ова е хороскопот за 30  јули.

Овен

Работа – Нема да се поставите лошо ако одбиете нечија покана за дружење од колегите.

Љубов –Ќе бидете во центарот на внимание на некоја личност, но вие мислите на некој друг.

Здравје – Стрес и тензија.

Бик

Работа – Сметате дека сте донеле вистинска одлука и не се жалите на моменталната финансиска ситуација. Сепак, свесни сте дека овој период мора конкретно нешто да се случи на финансиско поле.

Љубов – По природа умеете многу нешта да ги поставите на вистинско место кога станува збор за љубовта. Упорно и се додворувате на личноста на која често мислите.

Здравје – Внимавајте на евентуални повреди.

Близнаци

Работа –  Чувствувате дека се уште не е дојдено време за конкретни акции на полето на работата. Потребно е прво да решите некои проблеми, а дури потоа да преземете нешто.

Љубов – Морате да бидете отворени кон себеси  и да се ставите на прво место, а дури потоа да ги исполнувате очекувањата на личноста која ви значи.

Здравје – Внимавајте во сообраќајот.

Рак

Работа – Некои колеги мислите дека имаат злонамерни коментари, но тие само сакаат да ви помогнат. Сослушајте ги.

Љубов – Имате чувство дека работите не се одвиваат онака како што сте замислиле, па во таа насока се соочувате со огромен стрес на ова поле.

Здравје – Пијте повеќе течности.

Лав

Работа – Протежирате одлучен став на работното место и поради тоа сте ценети. Можете да видете доволно отворнеи кон своите соработници, тие ќе ве поддржат.

Љубов – Романтични сте, и затоа одлучете да уживате во попладневните часови.

Здравје – Вежбајте повеќе.

Девица

Работа  – Покажувате огромна заинтересираност за нешто ново и така и се однесувате. Сепак, имајте предвид дека работите изгледаат поинаку од ваш агол.

Љубов – Ако размислувате на личност родена во знакот Рак, не пропуштајте ја можноста да го кажете своето мислење. Личноста која ви значи е поотворена од вообичаено.

Здравје – Одлично.

Вага

Работа – На одлична позиција сте во моментов. Продолжете така.

Љубов – Имате став дека партнерот ве набљудува од чудна перспектива. Мислите дека сте под голем притисок и затоа имате одбоен став.

Здравје – Настинка.

Шкорпија

Работа – Сте имале и полоши денови, но секако не се предавајте и исполнете ја целта. Немате време за расправии со колегите.

Љубов – Доколку не сте во врска, страствена љубов ви е на повидок. Еден Бик долго време не може да го тргне погледот од вас.

Здравје – Внимавајте на остри предмети.

Стрелец

Работа – Не ви оди најдобро, но добро би било да побарате помош од поискусните колеги.

Љубов – Се поставувате надмено и тоа му пречи на партнерот.

Здравје – Зајакнете го имунитетот.

Јарец

Работа – Ова поле ви прави мали проблеми кога станува збор за роковите. Не сте доволно посветени на своите обврски.

Љубов –  Би сакале повеќе да се дружите, но обврските ве притискаат. Сакате да постигнете некаков ефект кај партнерот, но тешко ви оди.

Здравје – Проблеми со психата.

Водолија

Работа  – Сакате нова работа, па тоа е се на што ќе размислувате денеска.

Љубов –  Врската во која сте моментално не ви се допаѓа. Морате поодлучно да се поставите и да не паничите во однос на проблемите.

Здравје – Вежбајте.

Риби

Работа – Не донесовте лоша одлука кога одлучивте поотворено да се поставите кон своите шефови, за да добиете на време. Но време имате се помалку.

Љубов – Стара љубовна романса се враќа во вашиот живот. Не дозволувајте да пројдете низ истиот хаос.

Здравје – Медитирајте.

Треба да знаете
Последни објави