Премиерот Зоран Заев бара од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ да ги повика граѓаните да излезат на референдумот кој Собранието денес треба да го распише. Заев го потвтори ставот дека ова според него е историска одлука за Македонија.
„Прашањето ќе биде ‘Дали сте за членство во ЕУ и НАТО преку поддршка на договорот помеѓу Р. Македонија и Р. Грција’, а референдумот консултативен“, рече Заев од кумановско Черкези.
Премиерот го повтори дека датумот за одржување на референдумот ќе биде 30 септември. Тој смета дека сите се должни да создадат услови за граѓаните доволно да бидат мотивирани да излезат и да гласаат на референдумот, кој се однесува на спроведувањето на Договорот со Грција.