Рецепт за подготовка на вкусни печени компири со мајонез и палента.
Состојки:
1 кг компири
4 лажици мајонез
3 лажици палента
1 лажица мелена црвена пиперка
Сусам, лук, масло за јадење и сол
Подготовка:
Излупете ги компирите и ставете ги да се варат. Варете окoлу 20 минути за да не омекнат премногу, бидејќи потребно е компирите да останат полу тврди. Оставете ги компирите добро да се изладат, потоа исечете ги на парчиња и наредете ги во тепсија за печење обложена со хартија, па посолете.
Во сад додадете мајонез, палента, црвена пиперка, малку лук, сол и малку масло за јадење, па се добро измешајте и премачкајте ги компирите во тавката. Компирите наросете ги со сусам и печете ги 20 минути на 220 степени. Компирите послужеет ги додека се топли.