Италијанскиот војник Енрике де Матија (25) во саботата извршил самоубиство во римската резиденција на поранешниот италијански премиер, Силвио Берлускони, позната како Палацо Грациоли.
Според агенцијата, војникот влегол во една од бањите во резиденцијата и си го одзел животот со службениот пиштол.
Како што пренесуваат италијанските медиуми, војникот учествувал во операцијата „Безбедни патишта“. Според нив, ова е трет случај на самоубиство на војници кои се дел од оваа операција. Во фавруари годинава еден војник извршил самоубиство во подземна станица во Рим, а во декември минатата година војник се самоубил во Сполето додека бил на одмор.
Засега причината за самоубиството на војникот не е позната.