Овните ги одложуваат своите обврски, Биковите се додворуваат, Лавовите се позитивни, Вагите одбојни, а Јарците доцнат.
Ова е хороскопот за 30 јули.
Овен
Работа – Нема да се поставите лошо ако одбиете нечија покана за дружење од колегите.
Љубов –Ќе бидете во центарот на внимание на некоја личност, но вие мислите на некој друг.
Здравје – Стрес и тензија.
Бик
Работа – Сметате дека сте донеле вистинска одлука и не се жалите на моменталната финансиска ситуација. Сепак, свесни сте дека овој период мора конкретно нешто да се случи на финансиско поле.
Љубов – По природа умеете многу нешта да ги поставите на вистинско место кога станува збор за љубовта. Упорно и се додворувате на личноста на која често мислите.
Здравје – Внимавајте на евентуални повреди.
Близнаци
Работа – Чувствувате дека се уште не е дојдено време за конкретни акции на полето на работата. Потребно е прво да решите некои проблеми, а дури потоа да преземете нешто.
Љубов – Морате да бидете отворени кон себеси и да се ставите на прво место, а дури потоа да ги исполнувате очекувањата на личноста која ви значи.
Здравје – Внимавајте во сообраќајот.
Рак
Работа – Некои колеги мислите дека имаат злонамерни коментари, но тие само сакаат да ви помогнат. Сослушајте ги.
Љубов – Имате чувство дека работите не се одвиваат онака како што сте замислиле, па во таа насока се соочувате со огромен стрес на ова поле.
Здравје – Пијте повеќе течности.
Лав
Работа – Протежирате одлучен став на работното место и поради тоа сте ценети. Можете да видете доволно отворнеи кон своите соработници, тие ќе ве поддржат.
Љубов – Романтични сте, и затоа одлучете да уживате во попладневните часови.
Здравје – Вежбајте повеќе.
Девица
Работа – Покажувате огромна заинтересираност за нешто ново и така и се однесувате. Сепак, имајте предвид дека работите изгледаат поинаку од ваш агол.
Љубов – Ако размислувате на личност родена во знакот Рак, не пропуштајте ја можноста да го кажете своето мислење. Личноста која ви значи е поотворена од вообичаено.
Здравје – Одлично.
Вага
Работа – На одлична позиција сте во моментов. Продолжете така.
Љубов – Имате став дека партнерот ве набљудува од чудна перспектива. Мислите дека сте под голем притисок и затоа имате одбоен став.
Здравје – Настинка.
Шкорпија
Работа – Сте имале и полоши денови, но секако не се предавајте и исполнете ја целта. Немате време за расправии со колегите.
Љубов – Доколку не сте во врска, страствена љубов ви е на повидок. Еден Бик долго време не може да го тргне погледот од вас.
Здравје – Внимавајте на остри предмети.
Стрелец
Работа – Не ви оди најдобро, но добро би било да побарате помош од поискусните колеги.
Љубов – Се поставувате надмено и тоа му пречи на партнерот.
Здравје – Зајакнете го имунитетот.
Јарец
Работа – Ова поле ви прави мали проблеми кога станува збор за роковите. Не сте доволно посветени на своите обврски.
Љубов – Би сакале повеќе да се дружите, но обврските ве притискаат. Сакате да постигнете некаков ефект кај партнерот, но тешко ви оди.
Здравје – Проблеми со психата.
Водолија
Работа – Сакате нова работа, па тоа е се на што ќе размислувате денеска.
Љубов – Врската во која сте моментално не ви се допаѓа. Морате поодлучно да се поставите и да не паничите во однос на проблемите.
Здравје – Вежбајте.
Риби
Работа – Не донесовте лоша одлука кога одлучивте поотворено да се поставите кон своите шефови, за да добиете на време. Но време имате се помалку.
Љубов – Стара љубовна романса се враќа во вашиот живот. Не дозволувајте да пројдете низ истиот хаос.
Здравје – Медитирајте.