Направете вкусни и брзи мекици за Добро утро со јогурт, кои се меки како перниче, а не впиваат многу маснотија.
СОСТОЈКИ:
1 јајце
малку сол
1 прашок за пециво
1/4 л. јогурт
брашно колку тестото да е меко
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Се мешаат јајцето со сол, прашокот за пециво и јогурт во вангла и се додава постепено брашно, колку тестото кое ќе го замесите да е меко.
Нека стои 15 минути да нарасне.
Се вадат топки од тестото и се пржат во врело масло на тава.
Се ставаат потоа на салфета.
Уживајте, супер е со јогурт или павлака, како и сирење.