Распишан е референдумот за 30 септември, без подршка на ВМРО ДОМНЕ
„Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на договорот меѓу Република Македонија и Република Грција“.
Ова е прашањето кое ќе се најде на гласачките ливчиња на референдумот распишан за 30 септември.
Така одлучија мнозинството пратеници , без поддршка на ВМРО ДПМНЕ.
Одлуката за распишување референдум е усвоена со 68 гласови ЗА, нема воздржани, ниту против.
При утврдување на дневниот ред и неговото прифаќање , беа прочитани имињата на 69 пратеници кои ја поднесоа предлог одлуката за распишување на референдумот.
Во име на предлагачот, пратеникот на СДСМ, Томислав Тунтев, рече дека денес се пишува и создава историјата, а тоа е Македонија да биде дел од европските и светските вредности.
Референдумот е можност граѓаните на нашата држава да се изјаснат за договорот со Грција. Одлуката не е лесна, но ЕУ и НАТО ни се единствената алтернатива, рече Тунтев.
Ние денеска, а на денот на референдумот граѓаните ќе одлучиме каде сакаме да ја видиме Македонија.
Никој никогаш немаше да потпише било каков договор со Грција, доколку тоа не беше предуслов да станеме членка на ЕУ и НАТО, рече тој.
Тунтев ја повика опозицијата и граѓаните ,,да се обединиме и заедно да ја создадеме историјата и нашата иднина“, рече Тунтев.
Од ВМРО ДПМНЕ, рекоа дека предлог-одлуката за референдумот ја добиле десет минути пред седница.
Никола Мицовски од ВМРО ДПМНЕ рече дека тие даваат целосна поддршка на евро-атлантските интегративни процеси на Македонија,
Проблем е консултативниот карактер на референдумот, бидејќи како што рече, потоа резултатите ќе се толкуваат како што сакаат.
Освен него, никој друг од ВМРО ДПМНЕ не се јави за збор, а потоа неколкуте нивни претставници ја напуштија собраниската сала.
Одлуката за референдумот беше донесена во отсуство на пратениците на ВМРО ДПМНЕ.
За датум на референдумот е определен 30-ти септември.
На предлогот се потпишаа пратениците од СДСМ, ДУИ, ДПА и двете крила на БЕСА.