Свечени изјави на членовите на ДИК

Новозибраните членови на привремениот состав на Државната изборна комисија денеска ќе дадат свечени изјави во Собранието на Република Македонија. Новиот состав на ДИК треба да го организира референдумот за името, што треба да се спроведе на есен.

За членовите на ДИК гласаат пратениците од сите политички партии, а седницата се одржа по деблокирањето на процесот на лидерската средба. Партиите се договорија привремениот состав на ДИК да биде избран по стариот модел – со членови предложени од партиите со најмногу освоени гласови на последните избори.

Претседател на Комисијата е Оливер Дерковски од ВМРО-ДПМНЕ, потпретседател е Дитмире Шеху од ДУИ. Елизабета Постоловска од ВМРО-ДПМНЕ, Јанакие Витановски, Борис Кондарко и Радица Ристеска од СДСМ, како и Енвер Салиу од БЕса се членови на највисокото изборно тело во државата.

Треба да знаете
Последни објави