Во пресрет на пријателскиот натпревар меѓу Барселона и Рома, комуникација со медиумите имаше и легендата и поранешен капитен на италијанскиот клуб, Франческо Тоти.
Тој меѓу другото говорел и за дресот со број десет кој самиот Тоти го носеше долго и кој според него не би требало да биде повлечен од употреба.
– Секогаш велев дека таа одлука треба да ја донесе клубот. Сон на многу млади фудбалери е да ја носат „десетката“ на Рома, јас го имав истиот сон и имав среќа да ми се оствари. Не сакам да им ја одземам таквата можност на децата, но истовремено знам колку е тешко да се носи овој дрес, – потенцирал Тоти.
Членот на раководството на Рома ги насмеал новинарите со одговор на прашањето дали би одобрил неговиот дрес да го носи Лионел Меси.
– Ако Меси дојде во Рома, лично ќе одам на аеродром и ќе му го облечам дресот со број десет.