Според најновото истражување, ако не јадете во друштво може да се соочите со сериозни здравствени последици.
Истражувањето покажа дека луѓето кои јадат сами имаат поголем ризик од висок холестерол и висок крвен притисок, како и развивање на симптоми на дијабетес.
Во истражувањето биле опфатени 7.725 испитаници. Оние испитаници кои јаделе сами имале 45% повисок ризик од покачен холестерол и 64% поголем ризик од развивање метаболичен синдром.
Социоекономските фактори и животниот стил исто така играат голема улога во зголемувањето на овие ризици.
Мажите кои не се оженети и живеат и јадат сами имаат пострашни последици по здравјето, а тоа го потврдуваат и некои претходни истражувања спроведени на теми поврзани со квалитетот на исхраната.
Стресните животни ситуации и недоволното спиење исто така играат улога во зголемувањето на ризикот од развивање метаболичен синдром.