Социјалдемократскиот сојуз на Македонија преку соопштение истакна дека на 30 септември, на демократски и непосреден референдум, граѓаните на Македонија ќе имаат историска можност директно да одлучуваат за сопствената и за иднината на државата.
„Референдумот е вистинска и непосредна демократија, а волјата изразена на него ќе биде обврзувачка за сите, затоа што гласот на граѓаните е клучен за македонската иднина.Се обединија сите политички партии кои навистина се за ЕУ и НАТО, освен Христијан Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ коишто се против интеграција. Се обедниија сите кои се за напредок на Македонија, освен Мицкоски кој сака изолација, стагнација и неизвеснот. Обединети се сите политички и општествени чинители кои се за македонската иднина, освен Мицкоски и највисокото раководство на ВМРО-ДПМНЕ кои сакаат назад во темното минато на криминал, насилство и неказнивост“, се вели во соопштението на СДСМ.
Понатаму се додава дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски нема да ја закочат и загрозат македонската иднина со нивните антидржавни постапки.