Грчката полиција повеќе од три часа малтретирала македонско семејство со дете
Веднаш по поминување на грчката граница, во блзина на Кукуш, сообраќајната полиција се изживувала со Македонско семејство со мало детенце во автомобилот, затоа што на полицаецот му рекле дека се од Македонија
„Веднаш откако ја преминавме границата, во близина на Кукуш(Килкис) не застана сообраќајна полиција, иако немаше никаква причина освен можеби тоа што немавме безбедносни појаси. Откако ни напишаа казна не прашаа од каде сме, јас одговорив дека сме од Македонија по што полицаецот налутено изреагира. Потоа ми ја зема сообраќајната и возачката дозовола, ги отстрани регистарските таблички и ни кажа дека ќе можеме да си ги земеме по шест месеци. “ – вели читателот кој сведочи за хаосот кој му се случувал.
Потоа отидовме во полициската станица, со пет годишно дете. По три часа малтретирање ни ги вратија документите за да можеме да го продолжиме нашето патување. Сакам да останам анонимен – додаде на крајот.
Инаку, ова не е прв пат националисти да малтретираат наши сограѓани.
извор: инфомакс.мк