Милошоски на фејсбук: Демократија на диво

Милошоски на фејсбок: Демократија на диво

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, остро реагира на одлуката на собранискиот претседател, Талат Џафери, да ја свика седницата на Комисијата за надворешна политика, иако тој како нејзин претседател, првично ја одложи со образложение дека дел од пратениците се на одмор.

По одлуката на Џафери, Милошоски на фејсбук напиша дека седницата ќе се води на диво и нелегално, погазувајќи ги така законите и собранискиот деловник.

„Демократија на диво:
денес во 11,30ч по налог на Талат и Цветанка Иванова, Ивана Туфекџиќ, која не е претседател ниту заменик претседател на Комисијата, на диво, нелегално и спротивно на Деловникот ќе “води” седница на комисијата за надворешни работи, иако истата уредно е презакажана!
Ова беззаконие денес, создава опасни преседани за владеењето на правото во Македонија утре. СДСМ збори за европски норми и стандарди, а ги погазува законите на секое поле. Граѓаните со право се загрижени дека Собранието стана најголемиот прекршувач на Законите.
Зборувајте ми за демократија, закони и владеење на правото. #Бојкотирам!“, пишува Милошоски.

https://www.facebook.com/antonio.miloshoski.9/posts/2185275608168373

 

Треба да знаете
Последни објави