Нешто што сигурно не сте го подготвиле до сега. Рецепт за баклава со пудинг.
Состојки:
500 гр готови кори за пита
1 л. млеко
3 кеси пудинг од ванила
4 лажици шеќер
4 јајца
1 дл. масло
4 лажици шеќер за корите
500 гр. шеќер за шербет
2 шолји вода
Подготовка:
Се варат трите пудинзи во три литри млеко и се става шеќер.
Нека се лади пудингот, па ставете да се вари водата со 500 грама шеќер за шербетот.
Откако ќе зоврие се доволни 2-3 минути, па тргнете ја од оган.
Се матат јајцата со шеќер, па маслото.
Се делат корите така што треба да добиете три ролати.
Се зема првата и се премачкува со смеса од јајца и масло, па се става другата кора која исто така се премачкува, па третата која не се премачкува, туку се става пудинг и се витка ролат.
Се става во подмачкан плех и истото се повторува со остатокот од корите.
Се става малку масло горе и се печат на 180 степени 15 минути убаво да порумени.
Се става потоа шербетот кој веќе се оладил.