Рецепт од цвекло и моркови за топење на килограмите

Цвеклото и морковите во комбинација со ѓумбир, целер и јаболко ќе ви помогнат брзо да го стопите салото од стомакот…

Имено, дури иако не се љубител на зеленчук, морате да знаете дека природните сокови се одличен начин во своето тело да внесете хранливи материи. Но, ако покрај тоа ги искомбинирате и правилните намирници, ќе добиете моќен напиток кој ги топи масните наслаги од стомакот и го чисти телото од наталожените токсини.

Состојки:

– 1 големо цвекло

– 2-3 моркови

– 4-5 стапчиња целер

– 1 шака свеж спанаќ

– 1 јаболко

– 1 свежа краставица

– 2 ротквици

– 1 корен од свеж ѓумбир (1 см)

– 1 лимон

Од сите намирници исцедете сок во соковник. Сокот е најдобро да го консумирате наутро, а од овие намирници ќе добиете околу 500 мл сок. Овој напиток е толку хранлив, што може да го замени и појадокот.

Треба да знаете
Последни објави