Милански Интер планира со трансфер бомба да го затвори летниот преоден рок кој што за „Нераѕурите“ досега се движи во одлична насока.
Откако без обештетување пристигнаа Стефан Де Фрај од Лацио и Квадво Асамоа од Јувентус, Интер на почетокот на летниот рок ја објави првата трансфер бомба – на „Џузепе Меаца“ пристигна и Раџа Наинголан од Рома.
Неодамна беше доведен и Матео Политано, а денес потпишува хрватскиот десен бек Шиме Врсаљко.
Но, Интер нема да сопре тука – наводно клубот е во напредна фаза од преговорите со Артуро Видал, а синоќа добро информиран италијански новинар откри дека „Нераѕурите“ преговараат со играч кој што треба да биде трансфер бомба во Милано ова лето.
Неколку часа подоцна, доцна синоќа се откри дека Интер преговара со плејмејкерот на Реал Мадрид, Лука Модриќ кој што на неодамнешното Светско првенство во Русија беше прогласен за најдобар играч.
Засега нема повеќе детали околу можниот трансфер на Модриќ во Интер, а повеќе информации ќе дознаеме во текот на следните неколку дена.