На 31.07.2018 година околу 19.30 часот било пријавено дека во приватна фирма на ул.„Јадранска магистрала“ во Скопје, Е.М. (37) од Скопје со вилушкар се доближил до товарно возило со кавадаречки регистарски ознаки со цел да се истовари една машина која била во камионот.
Ја товариле машината во вилушкарот и ја врзеле со каиш. Откако го паркирал вилушкарот се доближиле лицата С.С. (60) од с.Мала Речица, тетовско и Н.И. (43) од с.Требош, тетовско, возачи во друга приватна фирма.
При обид да ја истоварат, машината паднала врз нив.
Со возило на Итна медицинска помош Н.И. бил префрлен во Ургентен центар при комплекс клиники Скопје каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
С.С. бил префрлен во Градска општа болница во Скопје и кај него биле констатирани тешки телесни повреди.
И двајцата биле задржани на понатамошно лекување.
За настанот бил известен Државен инспекторат за труд. Се работи на расчистување на случајот.