Заев од Пелинце: На 30 септември да избереме иднина наместо небиднина
30 септември е денот за новата историска одреденица, сега е моментот за одлука, а во вакви пресудни моменти не се седи дома, не се молчи, туку шансата треба да се зграби храбро, одлучно, достоинствено.
Тоа е денот кога ќе донесеме одлука за нашата иднина како дел од семејството на ЕУ и на најсилниот сојуз НАТО. Премиерот Зоран Заев за честувањето на Илинден во Пелицне со политички говор поврзан со референдумот на есен се обрати пред граѓаните. Време е да изебереме иднина, наместо небиднина, рече тој.
–Ве повикувам да докажете дека никој не може да ве поколеба да изберете. Излезете и изберете. Демократскиот избор на граѓаните мора да се почитува, нивниот став е конечен. Уверен сум дека граѓаните ќе го направат вистинскиот избор, дека ќе го избереме патот што води напред. Никој не може да не сопре, одлучни сме и решителни Македонија да успее и ќе успее….Доста е небиднина, ќе избереме иднина, време е за иднина наместо небиднина. На 30 септември ќе ги одбиеме мракот, криминалот, незивесноста и изолацијата. Ве повикувам сите да кажете со гордост „да“, да кажеме „да“ за гарантирана стабилност и безбедност преку членство во НАТО, за признат и потврден идентитет, јазик и култура. Ние сме „за“, за нас, за нашите идни генерации, за иднината на Македонија,
„Денес, кога со сета почит и достојно се сеќаваме на двата Илиндена, имаме историска шанса Македонија да ја извелечеме од долгогодишната криза и да ги решиме длабоките проблеми. Време е за храбри одлуки“,
Порача премиерот Заев. Тој повика да се обединиме меѓусебе, да се обедниме со нашите соседи, со сите во европското семејство, рече премиерот. Според него, патриотизам е кога им го градиш патотот на идните генерации, кога градиш држава признаена од сите. Договорот со Грција е патриотски бидејки за првпат го гарантира правото на се определиме како Македонци И историски гледано, е најдобрата и фер шанса за македонските граѓани, влог во македонската иднина што го расчисти патот за влез на Македонија во НАТО и почеток на преговори со ЕУ.
„Ова се силни причини и аргументи за патриотизам, аргументи за тоа што значи да ја сакаш својата земја. Патриот си кога се грижиш за она што доаѓа утре, кога ја штитиш иднината ако го сакаш најдоброто за својата земја, своето семејство и за луѓето околу себе. Овој Договор е за тоа и затоа е патриотски, нагласи премиерот.
Додека говореше особено, неколку членови на Левица на кратко протестираа и со извици се обидоа го попречат обраќањето на премиерот.
Заев говореше пред неколку илјади граѓани кои во меморијалниот центар најчесто стигнуваа со организиран превоз. Велат дека дошле да ја прослават слободата и празникот која ја воспостави државноста. За оние кои славеа во Пелинце, промената на името нема да го смени празнувањето до година.
Заев ја предводеше Владината делегација во Пелинце заедно со министрите Димитров, Спасовски, Дескоса и Адеми.