„Мртов ш….р, добар ш….р“, се извикуваше на Мечкин Камен
Ниту овогодишната прослава на Денот на републиката не помина без политички слогани и исвиркувања. Дел од присутните на Мечкин камен во Крушево ја пееја националистичката песна, „Македонија на Македонците“. На Мечкин камен денеска е претседателот на Републиката, Ѓорге Иванов.
Додека пак градоначалникот на Крушево положуваше цвеќе пред споменикот, група на луѓе го проследи тоа со извикување и исвиркување по што почнаа да пејат: „Македонија на Македонците, била секогаш и ќе остане, земјо моја знај, ќе те чуваме, сите душмани ќе ги сотреме“.
Исто така, навредливиот националистички слоган „Мртов ш….р, добар ш….р“, ечеше на Мечкин Камен во Крушево за време додега делегацијата на Владата положуваше венец пред споменикот на паднатите херои.
Однесувањето на дел од публиката веднаш беше осудено на социјалните мрежи како недостоинствено.