Пукано кон пејачот Дарко Лазиќ

Пукано кон пејачот Дарко Лазиќ

Пејачот Дарко Лазиќ е претепан синоќа околу 22:40 часот во населбата Умчари кај Белград, кога засега непознати лица го нападнале, пукале од огнено оружје, а потоа го претепале, јавуваат српските медиуми..

Пејачот со повреди е пренесен во болница, каде му е укажана медицинска помош.

Лазиќ, како што пишуваат српските медиуми, дошол на приватна забава, каде требало да пее на прослава за 18 роденден.

Пејачот и неговиот менаџер биле пресретнати од автомобил “Ауди А4”  во кој се наоѓале 4-5 лица кои биле вооружени.

Напаѓачите го испрскале со солзавец, а потоа го нападнале и физички. Го тепале по телото и главата, рацете и нозете, а неговиот менаџер добил удар од пиштол по главата.

Треба да знаете
Последни објави