(Фото) Почна традиционалниот Охридски маратон

Почна традиционалниот Охридски маратон

Во водите на Охридското Езеро на патеката од Горица до Охрид започна 39-тиот Илинденски пливачки маратон, организиран од Пливачкиот клуб „Охридски бранови 2008“.

Педесеттина пливачи од повеќе клубови од земјата и странство патеката долга 2,5 километри ќе ја пливаат поделени во две старосни категории и тоа пливачи до 16 години и оние со наполнети 16 години и постари.

Стартот на трката започна во 11 часот соодветно за двете категории, од плажата пред поранешниот хотел „Парк“. Пристигнувањето на првите маратонци на целта се очекува по 11 часот.

Треба да знаете
Последни објави