Два автомобили рано утринава беа запалени во Скопје.
Како што информира Противпожарната бригада на град Скопје, во гасењето на првиот автомобил што бил запален на улицата „Дурмиторска“ бр 8 а учествувало едно противпожарно возило со четири пожарникари. Пожарот, од кој била предизвикана штета од 150.000 денари, бил локализиран во периодот од 2:35 до 3:35 часот.
Второто возило било запалено на улицата „Мирослав Крлежа“ бб и во неговото гасење во периодот од 4:05 до 5:10 часот утринава, исто така, учествувало едно противпожарно возило со четворица пожарникари. Штетата што е предизвикана од вториот пожар засега е неутврдена.