Влегле во тоалет и сите завршиле во болница – драма во угостителски објект
Во 01,30 часот утрово во СВР Охрид е пријавено нарушување на јавниот ред и мир од страна на лицето О.М. од Охрид.
Според пријавата О.М. во тоалетот од угостителскиот објект фрлил предмет кој испуштил силна миризба од што, три лица од Скопје се пожалиле на болки и солзење од очите.
Набрзо, повикана била итната медицинска помош со чие возило, лицата се пренесени на очното одделение во Општата болница во Охрид каде им е укажана неопходна медицинска помош.
Се работи на целосно расчистување на случајот.