Мицкоски, Кржалоски, Перински и Нелоски на концертот на Армин Ван Бурен
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во друштво на партиски соработници, вчера можеше да биде виден на концертот на светски познатиот диџеј Армин Ван Бурен во Охрид.
Друштво на Мицкоски му правеа шефот на кабинет Златко Перински, претседателот на Унијата на млади сили Лука Кржалоски и членот на извршниот комитет Владимир Нелоски.
Концертот на Армин Ван Бурен се одржа на Билјанини извори како дел од овогодинешното издание на „Охрид Колинг“.