На аџилак годинава ќе заминат 672 верници од Македонија
Од Република Македонија на аџилак ќе заминат 672 верници кои од 11 до 15 август ќе патуваат со четири авионски чартер летови. Ова го изјави генералнот секретар на Исламската верска заедница на Македонија, Ирсал Јакупи.
Од дебарското муфтиство кое ги опфаќа општните Дебар, Центар Жупа и подрачјето на Река, општина Маврово Ростуше, годинава на аџилак ќе заминат 26 верници.
– Нашето муфтиство ги презеде сите неопходни активности за непречено заминување во светите места Мека и Медина, каде се реализира петтиот столб на исламот-аџилакот. Верниците кои се пријавија ги поминаа сите неоходни лекарски прегледи, а ја примија и потребната вакцина, потврди дебарскиот муфтија Хаџи Рамазан Ефеди Хаса.
Вернициите од овој регион тргнуваат на 11 и 13 август од Дебар, а потоа заедно со другите верници од земјава кон светите места ќе тргнат од скопскот аеродром.