Полнете резервоари, од полноќ поскап бензин

Регулаторната Комисија за енергетика денеска стандардно по две недели од последната цена, определи нова цена на бензините во Македонија.

 

Се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,16%, односно за 0,01% во однос на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија од 23.07.2018 година.

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 0,01%. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 0,50 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 23.07.2018 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 71,50 ден/лит.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) остануваат исти во однос на цените утврдени со Одлуката од 23.07.2018 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 73,00 ден/лит, малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 62,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 51,50 ден/лит. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,246 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 23.07.2018 година и со тоа цената на мазутот М-1 НС изнесува 33,651 ден/кг.

Треба да знаете
Последни објави