Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер, претежно од северен правец.
Според УХМР, максималната дневна температура ќе се движи меѓу 25 и 36 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје слично време. Утринската ќе изнесува 17, а максималната дневна 34 степени Целзиусови.
Во наредните денови ќе за задржи слично време и висок индекс на УВ зрачење. Минималната температура во вторник ќе биде во интервалот од 12 до 20 степени, а максималната од 30 до 37 степени. Во среда утринската температура ќе се движи меѓу 13 и 21 степени, а максималната од 31 до 38 степени. Двата дена индексот на УВ ќе изнесува 9.
Во четврток времето ќе биде сончево со слаб ветер од променлив правец и мал пад на температурата. Попладне во источните делови ќе има услови за појава на локална нестабилност. Минималната темепратура ќе биде во интервал од 13 до 22 степени, а максималната од 29 до 36 степени Целзиусови.
УВ индексот ќе биде 8.