Инспекторите ги ослободуваат тротоарите од „диви продавачи“ (фото)

Инспекторатот на Град Скопје, во соработка со инспекциските служби на Државниот пазарен инспекторат и општинските инспекциски служби, ги продолжува активностите за ослободување на јавните површини што се узурпираат од на т.н. „диви продавачи“.

 

Деновиве инспекциските служби спроведоа уште една акција за ослободување на јавниот простор по булеварот „Крсте Петков Мисирков“, во близина на Бит-пазар.

Градот Скопје нема да го толерира узурпирањето на јавниот простор од групи и поединци, простор кој е наменет за слободното движење на граѓаните и ќе продолжи да дејствува во насока на спречување на оваа појава, во согласност на своите законски надлежности и ингеренции, се со цел подобрување на животот на сите жители на Скопје.

Треба да знаете
Последни објави