Испукан проектил завршил во гаража каде што биле паркирани возила на Итната помош

Испукан проектил завршил во гаража каде што биле паркирани возила на Итната помош

Вчера во 12,15 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека истиот ден од страна на непознато лице бил испукан проектил од огнено оружје, при што зрното од проектилот ја пробило настрешницата од гаражата која се користела за паркирање на возила од  Итна медицинска помош во кругот на Медицинскиот центар Гостивар и завршило на подот помеѓу две возила.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Пред 3 години токму во Гостивар, се случи најголемата трагедија од заскитан куршум. Загина 10-годишно дете. Момчето си играло со другарите кога заскитан куршум го погодило во глава.
Треба да знаете
Последни објави