МВР му го укина обезбедувањето на Мијалков
Министерството за внатрешни работи му го укинало обезбедувањето на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков кое што го имал од редот на вработените за обезбедување на личности, уште по оставката на функцијата во мај 2015 година.
Како што дознаваме неофицијално, одлуката МВР ја донело деновиве, по извршени безбедносни проценки дека на Мијалков и на неговото семејство не им се заканува никаква опасност.
Од бившите функционери на МВР, ексминистерката Гордана Јанкулоска одамна не користи обезбедување од министерството, таа на судењата доаѓа сама, т. е. со адвокат во придружба.
И експремиерот Никола Груевски се појавува во јавноста со повеќечлено обезбедување, сите вработени во шестата управа на МВР. Според Законот за Влада, бившите премиери имаат право на обезбедување и службено возило во времетраeње на извршувањето на функцијата, а во случајот на Груевски тоа е 10 години.