Екипите на Град Скопје и на ЈП „Улици и патишта“ ги продолжуваат активностите за чистење на коритото на реката Вардар.
На потегот од булеварот 8.Септември до мостот „Гоце Делчев“, од двете страни на реката, деновиве машински се коси ниската и високата вегетација, а се отстранува и наталожената мил и песокот од коритото на Вардар.