Поповски си даде оставка од Управниот одбор на Пливачката федерација поради Поп Ацев

Поповски си даде оставка од Управниот одбор на Пливачката федерација поради Поп Ацев

Александар Поповски си поднесе неотповиклива оставка на функцијата член на Управниот одбор на Пливачката федерација на Македонија (ПФМ).

Тој одлуката ја донел од морални причини во врска со случајот со пливачот Евгениј Поп Ацев.

– Се работи за неправда која му е нанесена на нашиот пливач Евгениј Поп Ацев …. Од март месец до денешен ден на повеќе наврати раководството на ПФМ, од неразбирливи причини за мене го опструираат неговото учество на значајни маратонски трки, а врв на сето тоа однесување е ненавременото пријавување за Европското првенство кое се одржува во Глазгов и покрај ветувањата од нивна страна пред месец дена дека се е во ред и дека Евгениј ќе настапи на истото, наведува Поповски.

Поп Ацев вчера обвини дека ПФМ намерно не го пријавила за учество на трките на десет километри и на 25 километри на отворени води на Европското првенство во Глазгов.

Федерацијата денеска преку соопштение потпишано од претседателот на ПФМ, Александар Маленко, ги отфрли обвинувањата

Треба да знаете
Последни објави