Шестчлено семејство од Шведска доживеа сообраќајка на патот Охрид-Кичево, еве детали
На магистралниот пат Охрид-Кичево, на крстосницата за с.Ново Село-с.Црвена Вода, вчера околу 8.20 часот, патничко возило „Фолксваген“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.Е. (37) од Струга, во кое се превезувале А.С.З. (36), Џ.З. (32) и четири деца на возраст од 14, пет, три и една година, сите од Шведска, преминал на спротивната коловозна лента и удрил во патничко возило „Цитроен Ксантија“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Б.П. (34) од с.Ново Село, општина Дебарца.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на возилото „Цитроен“-Б.П. и сопатничката во возилото „Фолксваген“ – А.С.З., додека со телесни повреди се здобило едногодишното дете.
Тие биле задржани на лекување во болницата „Св.Еразмо“. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.