Поради големи гужви МВР и викендот ќе се издаваат лични карти и пасоши
Нови лични карти и патни исправи граѓаните ќе можат да добијат и за време на викендот, бидејќи од МВР одлучиле да се работи и за викенд поради големите гужви, предизвикани најчесто од иселениците.Од Министерството за внатрешни работи велат дека ангажирале дополнителни тимови кои ќе работат и за време на викендите. Во меѓувреме, апелираат да не се чека последниот момент, туку граѓаните да аплицираат на време.
Од МВР откриваат дека досега проблем била и старата опрема која нема голем капацитет на производство на документи. Поради тоа, МВР наскоро ќе се опреми со нова опрема.