Сообраќајка кај Собрание, повредени четири лица
Сообраќајна несреќа се случила околу 13:30 часот на крстосницата кај Собрание.
Според информациите во несреќата учествувале автомобили „Рено“ и „Голф“ во кој повредени се две лица. Уште две лица се здобиле со повреди, патници во автобус на ЈСП, откако автобусот се обидел да ги избегне судрените возила.
Сите четири повредени лица се пренесени во ГОБ „Св. Наум Охридски“, но засега нема детали за карактерот на повредите.
Полициски екипи вршат увид на местото на несреќата.